Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новата цена на струјата од ЕСМ ќе важи цела година, а не шест месеци – евентуални корекции по потреба

/

пред 312 дена

Сподели преку :

Вчера на затворена владина седница беше утврдена новата цена на струјата од ЕСМ. Понудата за електраните ќе биде доставена утре на тендерот на ЕВН Хоум. Овојпат повикот е за цела година, а не за шест месеци. Тоа значи дека новата цена на струјата би важела за подолг период, а доколку има евентуална потреба, ќе се прави корекција.

Од тоа по која цена ЕСМ ќе ја продава својата електрична енергија на универзалниот снабдувач најмногу зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните по Нова година. Сега мегават од ЕСМ чини 62 евра.

Премиерот Мицкоски синоќа не сакаше да открие дали ќе има поскапување. Рече само дека се ќе се знае наскоро. До крајот на месецот, РКЕ треба да донесе и нова цена за пренос и дистрибуција, но најави дека тука нема да има големи промени.

Инаку, ЕСМ, најголемиот производител на струја во земјата, извесен период се обидува да ја подобри ликвидноста која е нарушена. Загубите на компанијата заклучно со септември изнесуваат над 90 милиони евра.