Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 50 загинати, а близу 300 се исчезнати во разорниот пожар во станбен комплекс Хонг Конг

/

пред 321 дена

Сподели преку :

Најмалку 55 луѓе загинаа, а над 270 се, сè уште исчезнати откако огромен пожар зафати станови во комплексот Ванг Фук Корт во округот Тај По во Хонг Конг. Пожарникарите соопштија дека до утринските часови пожарот е под контрола во четири од седумте погодени згради, а се очекува преостанатите пожари да бидат изгаснати во текот на денот.

Полицијата уапси тројца мажи под сомнение за убиство од небрежност, додека причината за пожарот се поврзува со извршување градежни активности на една од 32-катните згради, од каде се проширил во внатрешноста и кон соседните објекти – дополнително разгорен од силниот ветер.

-Прво на сите, во часовите на темнина тоа ќе претставува дополнителна опасност и тешкотииза нашето работење и, до овој момент, температурата на местото на пожарот е сè уште многувисока, па затоа имаме тешкотии да продолжиме кон горните катови на две од зградите. А за условите во кои се наоѓаат жртвите –тие претрпеле различни степени на повреди, вели Дерек Армстронг Чан, заменик-директор на операциите на противпожарните служби.

-Полицијата продолжува со истрагата на местото на настанот, откривме дека една од зградите не е зафатена од пожарот, пронајдовме стиропор инсталиран надвор од прозорецот на секој кат во близина на лобито на лифтот. Доказите покажуваат дека овој материјал е запалив материјал. И потенцијално би можел да ја зголеми брзината на пожарот и се сомнева дека е можеби една од причините за овој пожар и зошто пожарот се прошири толку брзо, изјави  Ајлин Чунг,  началник на полициските сили на Хонг Конг-Н. Пронајден стиропор како една од причините за пожарот во Хог Конг.

Комплексот, изграден во 1980-тите, бил во тек на голема реконструкција.

Спасувачките тимови продолжија да извлекуваат жители од запалените згради, додека надлежните служби работат на целосно расчистување и истражување на трагедијата што погоди заедница со околу 4.800 жители, меѓу кои многу постари лица.

К.К.