Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Неверојатни сцени на аеродромот во Белград: Навивачите на Партизан го молат Обрадовиќ да остане на клупата

/

пред 310 дена

Сподели преку :

Жељко Обрадовиќ вечерва пристигна во Белград откако остана во Атина по поразот од Панатинаикос во вторникот. Освен клубот и навивачите не ја прифаќаат неговата оставка од тренерската позиција. Тие денеска му приредија неверојатен пречек на аеродромот.

Илјадници фанови на Партизан го скандираа името на искусниот тренер и го молеа да остане на тренерската позиција. И покрај лошите резултати сезонава, навивачите, но и челниците на клубот стојат зад Обрадовиќ. Засега не е јасно дали 65-годишниот тренер ќе се премисли и ќе се врати на клупата на „црно-белите“.

Тимот доби неколку слободни денови по поразот од Панатинаикос, бидејќи се играат и репрезентативни натпревари, а кошаркарите треба да се појават на тренинг во сабота. Останува да видиме дали таму ќе биде и Обрадовиќ или клубот ќе бара нов тренер.