Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет“

/

пред 320 дена

Сподели преку :

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе работи на трајно запирање на имиграцијата од „земјите од третиот свет“.

– Трајно ќе ја запрам имиграцијата од сите земји од третиот свет за да му дозволам на американскиот систем целосно да заздрави, објави Трамп на социјалните мрежи.

Тој најави дека неговата администрација ќе ја запре федерална помош и субвенции за лицата кои не се државјани на САД.

Трамп, исто така, се закани дека ќе ги поништи милионите дозволи за странци доделени од администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден и оти ќе „го поништи државјанството на мигрантите кои го поткопуваат домашниот мир и ќе го депортира секој странец кој е товар за општеството, безбедносен ризик или е некомпатибилен со западната цивилизација“.

Изјавите на Трамп уследија откако Авганистанец, кој пристигнал во САД во рамките на програма за преселување на Авганистанци изложени на ризик поради соработка Американците, застрел двајца припадници на Националната гарда, во близина на Белата куќа. Повредената жена почина, а мажот е во сериозна здравствена состојба.