Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Струмичанец затаил данок од речиси 10 милиони денари

/

пред 325 дена

Сподели преку :

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против 46-годишниот А.3. кој е сопственик и управител на фирма, поради сомнение дека затаил данок.

„Според полицијата, пријавеното правно лице како даночен обврзник, а А.З. како негов управител, во текот на 2023 година пријавиле помал излезен данок во износ од 1.986.083 денари, спротивно на одредбите од Законот за додадена вредност. Дополнително, не пресметале и не уплатиле данок на личен доход во вкупен износ од 3.888.722 денари“, информираат од МВР.

При контролата на Управата за јавни приходи биле констатирани и непризнаени расходи кои ја зголемиле даночната основа за данок на добивка за 2023 година за 3.889.072 денари. Со ваквите дејствија го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 9.763.877 денари.

Т.Д.