Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Неизвесна состојбата со НИС, Вучиќ најави важен состанок

/

пред 307 дена

Сподели преку :

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за денеска најави важен состанок за ситуацијата во Нафтената индустрија на Србија (НИС) чија рафинерија во Панчево официјално треба да биде исклучена утре доколку нема позитивен одговор од САД.

Од Стејт департментот и канцеларијата на OFAC зависи дали лиценцата за работа на НИС ќе биде продолжена и дали рафинеријата ќе продолжи да работи.

-Не можеме да одлучиме што да правиме во име на Русите…Ако лиценца од САД не добиеме, ќе мораме на различни начини да обезбедиме нафта и нафтени деривати во следниот период“, изјави Вучиќ.

-Ќе имаме важен состанок каде што ќе ги решиме сите тие проблеми. Сметаме дека Американците воопшто нема да се изјаснат, ќе кажат дека не добиле доволно информации и затоа чекаат и секако не им е грижа колку штета е направена во Србија. Русите не брзаат премногу бидејќи за нив најважно е нивниот имот да остане што е можно подолго, а дали ќе остане и како ќе биде кај нас е друго прашање“, рече Вучиќ.

Тој рече дека нема причина за паника кај граѓаните.

Веќе 54 денови се во сила американските санкции врз НИС што е во мнозинска сопственост на Русија.