Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Потврдено Упатството на АВМУ за локалните избори 2025, Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица

/

пред 322 дена

Сподели преку :

Како неоснована е одбиена жалбата на партијата Левица од страна на Вишиот управен суд, кој на седницата одржана на 6 ноември 2025 година, донесе Решение со кое жалбата на политичката партија Левица против Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е одбиена. Со ова, како што соопшти денеска АВМУ, е потврдено  претходно донесеното Решение на Управниот суд, со кое беше отфрлен предлогот на Левица за поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

-Ова Упатство, Агенцијата го донесе за да го појасни начинот на примена на одредбите од Изборниот законик за распределба на времето за платено политичко рекламирање, распределба на времето во вестите кај Јавниот радиодифузен сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал и за обезбедување пристапност на содржините за изборниот процес, се наведува во соопштението.

Вишиот управен суд оцени дека претходно донесеното решение на Управниот суд е правилно и законито и дека со него не е повреден законот на штета на политичката партија Левица.

-Со ова, како и со претходните решенија на Управниот суд и Основниот граѓански суд, уште еднаш се потврдува дека Агенцијата постапува согласно законските прописи и работи професионално, велат од АВМУ.