Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се огласи пејачката Џејла Рамовиќ – демантира дека настапувала без лиценца

/

пред 318 дена

Сподели преку :

Првпат по апсењето се огласи Џејла Рамовиќ која тврди дека со нејзиниот бенд ги имала сите потребни документи и дозволи за нејзиниот настап во Кичево. Таа за српските медиуми тврди дека документите и била уредни, а организаторот ги уверил дека ги добил останатите дозволи со цел да се одржи настапот.

„Сакам да нагласам дека од моја страна и од страна на мојот бенд, сите потребни документи и дозволи за настапот во Кичево беа соодветно подготвени и доставени до организаторот, со комплетна постапка што редовно ја следиме секој пат кога доаѓаме во Северна Македонија. Организаторот нè увери дека ги добил сите преостанати дозволи за одржување на настапот во согласност со договорот што го имаме. И покрај ова, настапот беше прекинат неколку минути пред крајот, наводно поради недостаток на работни дозволи, иако нашата документација беше целосно во ред“, вели Џејла Рамовиќ во соопштението испратено до српските медиуми.

Таа упати жалење, и потенцираше дека Македонија е една од земјите кои ја сака, и секогаш ѝ е драго да настапува.

Т.Д.

Турбофолкерот Аца Лукас промовирал крипто валута во Кавадарџи, за настанот сите надлежни беа известени и дадоа дозволи, имаше 400, а не 700 гости- се огласи кафулето за полициската интервенција