Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмногу верувам на мојот потпис и на мојата рака – Ѓорѓиевски за одземените надлежности на раководители на сектори во Град Скопје

/

пред 318 дена

Сподели преку :

Ќе има ревизија, одредени институции веќе се занимаваат со состојбите во Град Скопје и со одредени постапки од минатото и на крајот на денот, јас имам најмногу доверба на мојот потпис и на мојата рака, рече градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма за одземените надлежности на раководители на сектори во институцијата со која раководи. Таквата одлука со која се опфатени, како што рече, 23 раководители на сектори, ја оцени како добра.

„Додека се направи една целосна, компактна, целина од тим кој што вклучува и одредени лица кои што би влегле од надвор, тоа се дел од луѓето кои во минатото беа дел од мојот тим во Кисела Вода, тогаш би можеле да одиме кон тоа да се дадат целосни овластувања на секторите. Дотогаш јас сум тој кој потпишува“, порача Ѓорѓиевски.

С.Д.