Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Анкетната комисија за Кочани е директно барање на родителите – пратениците со малку емпатија им го должат тоа рече Филипче

/

пред 321 дена

Сподели преку :

За анкетната комисија Филипче истакна дека таа е директно барање на родителите од Кочани, како и дека сите пратеници кои имаат барем малку емпатија им го должат тоа.

„Се надевам дека имаат разум и емпатија кога ќе гласаат за анкетната комисија за Кочани. Нема корупција, за време на Ковидот, разликата е во позадината и во другите работи. Многу е битно кој и каде ќе се постави на позиција во анкетните комисии. Ние ова им го должиме на родителите во Кочани“, рече Филипче. 

Филипче рече дека СДСМ ќе прифати дискусија по сите прашања и несреќи за време на претходната власт.

„Ни најавија од ВМРО-ДПМНЕ дека ако бараме анкетна комисија за Кочани тие ќе организирале за несреќите во времето на владеењето на СДСМ. Слободно нека организираат ние не бегаме од апсолутно никаква дискусија. Сепак има две работи кои се многу битни. Оваа анкетна комисија е на директно барање на родителите од Кочани“, додаде Филипче. 

Т.Д.