Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поддржани измените за задолжително парно греење во новите градби

/

пред 315 дена

Сподели преку :

Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска даде поддршка за измените на Законот за градење, со кои новите станбено-деловни и колективни градби, во области каде постои техничка можност, ќе мора задолжително да бидат проектирани и изградени со целосна инсталација за парно греење.

Целта на измените, предложени по скратена постапка и без поднесени амандмани, е да се обезбеди поефикасно користење на енергијата, подобра топлинска заштита и намалување на загадувањето во урбаните средини, особено во зимскиот период.

Владата наведува дека новите правила ќе воведат стандарди за унифицирано и квалитетно снабдување со топлинска енергија.