Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две лица повредени во сообраќајка на скопската обиколница

/

пред 319 дена

Сподели преку :

Во попладневните часови на скопската обилколница две патнички возила  се судрија помеѓу клучките кон Мирковци и кон Приштина. Сообраќајот засега се одвива само по лентата за престигнување, велат од Автомото сојузот на Македонија.

Од МВР ја потврдија информацијата за сообраќајката и соопштија дека двете лица се пренесени во во клиничкиот центар „Мајка Тереза”.

„Денеска во 16:15 часот во СВР Скопје пријавено е дека на автопатот помеѓу клучка Мирковци и клучка Приштина се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила. Бидејќи возилата моментално се наоѓаат во средна лента и лента за принудно запирање, сообраќајот се одвива по лента за престигнување. Од сообраќајната незгода две лица се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, велат од МВР.