Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пратениците со волнетрски активности за Светскиот ден на волнтерството

/

пред 314 дена

Сподели преку :

По повод Светскиот ден на волонтерството, пратеници, вклучувајќи го и претседателот на Собранието Африм Гаши, денеска ќе учествуваат во волонтерски активности на повеќе пунктови на Црвениот крст низ Скопје.

Тие најпрвин ќе ја посетат централната канцеларија на Црвениот крст, а потоа ќе бидат распределени на различни локации за работа.

Пратениците ќе волонтираат во Дневни центри за лица со посебни потреби, центри за стари лица, пунктови за крводарување, како и во логистички центри и пунктови за поддршка на бездомници. Целта е да се поддржат ранливите категории граѓани и да се промовира значењето на волонтерството.

Во Малиот свечен салон на Парламентот ќе бидат одржани поздравни обраќања од Африм Гаши и генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити. Потоа ќе бидат доделени благодарници на волонтерите кои учествувале во операциите за помош на настраданото население во Кочани, а ќе биде потпишана и декларација за поддршка на волонтерството.