Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Истекува рокот за аплицирање за субвенциониран оброк

/

пред 318 дена

Сподели преку :

Денеска е последниот ден од рокот во кој студентите имаат право да аплицираат за мерката студентски субвенциониран оброк.

Правото да аплицираат го имаат сите редовни додипломски студенти со месечен приход понизок од минималната нето плата, како и студентите на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјата.

Пријавувањето се одвива електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде студентите можат да ја поднесат својата апликација.

Деталните услови и критериуми се објавени на веб-страницата на МОН. Од Министерството потсетуваат дека право на повторно аплицирање имаат и студентите на кои претходно им било прекинато користењето на субвенционираниот оброк, доколку сега ги исполнуваат условите. Рокот е отворен и за оние кои досега не аплицирале во ниту еден претходен циклус.

Т.Д.