Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Автобусите на ЈСП во понеделник ќе возат по неделен ред – дежурна билетарницата кај Транспортен центар, Жичницата на Водно нема да работи

/

пред 314 дена

Сподели преку :

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека по повод државниот празник Св. Климент Охридски, во понеделник (8 декември), јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред.

Дежурна билетарница ќе биде само таа на Транспортен центар, со работно време од 8 до 14 часот.

Жичарницата до Милениумскиот крст, како што се наведува во соопштението, вообичаено како и секој понеделник нема да работи.

Од ЈСП Скопје потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичарницата се неработни денови.