Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Прекршочна постапка против струшкиот градоначалник Менди Ќура – На Денот на албанското знаме не го истакнал и македонското знаме

/

пред 314 дена

Сподели преку :

ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице – Општина Струга, како и против градоначалникот Менди Ќура, поради сторено дело спротивно на член 6, а казнивo по член 11 од Закон за употреба на знамиња на заедниците во РС Македонија, информираат од МВР.

  • „Пријавените, како организатори на настан по повод Денот на албанското знаме, кој на 28.11.2025 се одржувал на улицата ‘Маршал Тито’ во Струга, покрај знамето на заедниците, ниту на бината ниту на дел од кејот на реката Црн Дрим, не го истакнале и не го поставиле државното знаме на РС Македонија, што според закон биле обврзани да го направат“, информираат од МВР.

(во видеото подолу може да видите дел од прославата во Струга пред четири дена)

Поради ова и премиерот Христијан Мицкоски, на вчерашниот брифинг со новинарите рече дека му испратил порака на Ќура со длабоко разочарување.

Б.С.