Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Врховниот Суд на САД одлучи да отвори случај со кој се предизвикува правото на стекнување државјанство со раѓање

/

пред 312 дена

Сподели преку :

Американскиот Врховен суд се согласи да го разгледа барањето со кое уставното право за гарантирано државјанство на лицата родени на територијата на САД, воведено пред повеќе од еден век, може да биде укинато.

Во својот прв ден на работа во Јануари, Претседателот Доналд Трамп потпишал наредба за укинување на добивањето државјанство преку раѓање, но таа беше блокирана од судовите, откако беше доведено под знак прашање нејзината уставност.

Евентуалната одлука на Врховниот Суд или ќе го заштити правото на статус на граѓанство за децата на мигрантите кои престојуваат во САД илегално или на привремени визи или пак ќе го укине.

Сега се очекува судиите да закажат датата на која ќе ги ислушаат аргументите на владата и тужителите, меѓу кои се имигрантите родители и нивните деца.

Речиси пред 160 години, 14-тиот амандман на Уставот на САД го воспостави принципот дека секој кој е роден на американската територија станува граѓанин на САД, со исклучок на децата на дипломатите и странските воени сили.

Соединетите држави се една од 30-те држави во светот, во најголем дел од Северна, Централна и Јужна Америка, кои доделуваат автоматско државјанство на лицата родени во рамките на нивните граници.

Н.И