Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

25 нови автобуси на гас од денес возат по скопските улици

/

пред 2276 дена

Сподели преку :

На жешкиот скопски асфалт од денес возат 25 нови автобуси. Работат на гас и го загадуваат воздухот многу помалку отколку постарите автобуси, не информираа од екипата на ЈСП уште кога не пречекаа во автобусот со број 5. Има единечни, а има и зглобни. Четири градски линии на јавното сообраќајно претпријатие се меѓу подновените. Првите патници веќе се повозеа, а со нив и екипата на Телма.

Пред повеќе од 25 години зглобните автобуси беа актуелни на скопските улици. Денес тие се враќаат повторно на улиците низ главниот град. Овој автобус собира повеќе од 150 патници.

Поразговаравме со дел од патниците кои се задоволни што ќе се возат во нови автобуси. Новото е секогаш убаво, но оние коишто се превезуваат треба и самите да внимаваат најмногу на хигиената, апелираат анкетираните. Замерки до ЈСП имаат за честото доцнење на автобусите.

Во време на Ковид, декорот внатре во автобусот е малку поразличен од претходните години. Има обележано на кои седишта смее да се седи и каде смее да се стои во автобусот за да има соодветна дистанца помеѓу патниците кои мора да се со маски внатре. Новитет е што сега може и да се наполни испразнета батерија на мобилен телефон доколку некој патник има потреба.

Град Скопје набави 33 нови автобуси, а осум се уште не се пристигнати. Вредноста на 25 автобуси кои од денес се на скопските улици е вкупно седум милиони евра. Ги има на линиите 2, 5, 15, 57.

Петар Догов