Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Келог: Иднината на Донбас и електраната Запорожје се двете точки од кои зависи мировниот договор за Украина

/

пред 311 дена

Сподели преку :

Иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје се двете точки од кои зависи договорот за крај на војната меѓу Русија и Украина. Ова го порача Кит Келог, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, кој нагласи оти напорите за решение се влезени во последните 10 метри кои, како што додаде, се секогаш најтешките.

„Ако ги решиме тие две прашања, мислам дека преостанатиот дел од работите ќе ги решиме прилично добро. Речиси сме на целта, навистина сме многу, многу блиску“, рече Келог.

Според првичните американски предлози, нуклеарната централа Запорожје, чии реактори се моментно затворени и во режим на ладен погон, повторно би профункционирала под надзор на Интернационалната агенција за атомска енергија, а произведената електрична енергија подедканво би се распределила меѓу Украина и Русија.

С.Д.