Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Потполковникот пристигна во Скопје, состојбата му е добра

/

пред 1975 дена

Сподели преку :

Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника, напиша во објава на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ, наведува Шекеринска, не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен.

Министерката за одбрана Шекеринска во објавата посакува брзо оздравување на потполковникот и се заблагодарува на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација.
Потполковникот на Армијата што учествуваше во европската мисија во Централноафриканската Република беше донесен со медицинска евакуација откако беше тестиран позитивен за коронавирус.

Директорката на клиниката, д-р Милена Стевановиќ, информира дека потполковникот е во добра општа состојба и дека е стабилен. тој е сместен во посебна еднокреветна соба под посебни услови и протоколи. За Телма, Стевановиќ вели дека сеуште е рано да се утврди за која мутација на коронавирус станува збор.