Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дали Зеленски со денешната средба во Лондон ќе ја доближи Украина до ставање крај на војната?

/

пред 305 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Зеленски денес во Лондон ќе разговара со премиерот Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Лидерите ќе разговараат за најновиот мировен план насочен кон ставање крај на војната во Украина, изготвен за време на разговорите меѓу украинските и американските претставници во Флорида минатата недела.

Претходно Доналд Трамп тврдеше дека преговарачите на Зеленски „го сакаат“ најновиот план.Но, сепак додаде „Морам да кажам дека сум малку разочаран што претседателот Зеленски сè уште не го прочитал предлогот , тоа беше пред неколку часа“.

Додека Трамп ги даваше своите коментари, Зеленски рече дека ќе биде информиран од неговите преговарачи, додавајќи дека „некои прашања можат да се дискутираат само лично“.

Т.Д.