Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обезвреднувањето на академскиот труд ги тера студентите да ја напуштат Македонија

/

пред 311 дена

Сподели преку :

Секуларната дејност на Свети Климент Охридски е светилник и за ова време, во кое и образованието , а особено воспитанието на генерациите , сѐ поревностно ги бара своите автентични вредности. Обезвреднувањето на квалитетниот академски труд под ударот на потрошувачкото општество, ги тера младите таленти и студенти да ја напуштат земјата, кажа претседателот на Одборот за доделување на награда „ Свети Климент Охридски“, писателот, драматичар и раскажувач, Томислав Османли.

  • Од генерација во генерација – онака како што бледнее јавниот интерес и во образованието , а сѐ подоминантен станува оној приватниот, трае падот на образовниот квалитет и на наставничкиот авторитет. Накусо: системот кој порано- и образуваше, но и воспитуваше – сега се порева под ударот на меркантилноста. Обезвреднувањето на квалитетниот академски кадар ги тера младите талентирани научници и дипломирани студенти да ја напуштат земјата и своите научни дарби и умствени придонеси да ги даваат во странство, кажа Томислав Османли, претседател на Одборот за доделување на наградата „ Свети Климент Охридски“.

Академик Витомир Митевски- филозоф и класичен филолог, за долгогодишни остварувања во образованието и воспитанието ја доби наградата „ Свети Климент Охридски“. А, за остварувања во културата и уметноста , признанието го добија композиторот Живојин Глишиќ и скулпторот Беди Ибрахим. Од име на лауреатите се заблагодари академик Митевски. Тој рече дека Свети Климент не е само основоположник на нашата црква, туку и на нашиот културен идентитет.

  • Една држава која се грижи за својата култура , која умее да ги препознае вредностите на својата култура, заслужува секоја почит.Но, ете и ние, едни од тие културни дејци кои го добиваме тоа признание, не прави среќни. Благодарам уште еднаш, рече академик Витомир Митевски, лауреат на наградата „ Свети Климент Охридски“.

Празникот на патронот на нашето образование и јазик го честита и претседателката Гордана Силјановска- Дафкова. Според неа, имаме задача , одново да ги научиме доблестите кои што ја одржуваат заедницата.

  • Како и во Климентово време и нам ни е потребна заедничка, повисока цел, околу која ќе градиме односи и ќе премостуваме разлики. Преку владеење на правото и борба против корупцијата, преку социјална правда и заемна грижа, да го обновиме општествениот договор на слободни граѓани, еднакви пред законот и сплотени околу општото добро, порача Гордана Силјановска- Дафкова, претседателка на Македонија .

Патронот на Националната и универзитетска библиотека беше чествуван со полагање венци и свежо цвеќе на неговиот споменик. Тоа го сторија : владина, собраниска,  делегација од Град Скопје, од кабинетот на претседателката на државата, дипломатскиот кор, партиски делегации , од НУБ и граѓани.

Сотир Трајков