Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силен земјотрес од 7,5 степени ја погоди Јапонија, има повредени

/

пред 309 дена

Сподели преку :

Најмалку 30 лица се повредени по силниот земјотрес со јачина од 7,5 степени што ја погоди североисточна Јапонија доцна синоќа.

Земјотресот се случи во 23:15 часот по локално време, на длабочина од 50 километри и околу 80 километри од брегот на Аомори.

Првично издадениот предупредувачки сигнал за цунами е повлечен, иако забележани се бранови високи 70 сантиметри.

Над 90.000 жители добија наредба за евакуација, додека околу 2.700 домаќинства во Аомори останаа без електрична енергија.

Дел од железничките линии долж североисточниот брег се суспендирани, а властите предупредуваат дека во наредната недела можно е појава на посилен последователен потрес. Премиерот Санае Такаичи им порача на граѓаните да бидат подготвени за итна евакуација.

Јапонската влада активираше кризен штаб и спроведува процена на штетите и спасувачки операции.

Енергетските компании информираа дека нема забележани неправилности во нуклеарните централи.

Јапонија, која се наоѓа на сеизмички активниот „Огнен прстен“, годишно доживува околу 1.500 земјотреси, а експертите предупредуваат и на висок ризик од голем потрес во регионот Нанкаи во наредните децении.