Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Собранието почна Постојаната анкетна комисија за трагедијата во кочански Пулс- присутни родителите на загинатите, претседателката, спикерот и премиерот

/

пред 304 дена

Сподели преку :

Во Собранието почна седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на која се разгледува претставка на здружението „16-ти март“ за трагедијата во Пулс во Кочани, во која загинаа 63 луѓе, а над 210 се повредени.

На седницата се присутни подносителите на претставката, родителите и блиски на загинатите, а воведното излагање го почна мајката Марија Петрушова. Таа во име на здружението „16-ти март“ побара вистинска правда за загинатите која како што рече е „важна за сите деца во Македонија“. За трагедијата, Петрушова кажа дека е резултат на системски пропусти и корупција, по што  побара случајот да се разгледува како прекршување на основните човекови права особено правото на животот.

Во говорот наведе дека е симптоматично што се опфатени само поранешни функционери, а не и функционери кои сега и во времето на трагедијата ја извршувале конкретната функција. Петрушова наведе дека смета како со обвинението и со истрагата се опфатени само службеници од пониско ниво.

-Државата драматично потфрли во борбата со корупција, големите остануваат над законот, наведе Марија Петрушова.

На комисиската седница, на поканите се одзваа претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова, претседателот на владата Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши. Присутни се и координаторите на политичките партии во Собранието, членовите-пратеници на постојаната анкетна комисија, како и други пратеници меѓу кои и лидерот на опозицијата Венко Филипче.

На почетокот на седницата, присутните со минута молк им одадоа почит на загинатите во трагедијата.

(ДОКУМЕНТ) Одговорност за надлежните функционери за трагедијата во Кочани, законски измени и утврдување повреда на основното човеково право на живот- барањата до Собранието од  родителите на загинатите во Пулс