Министерот за економија, Крешник Бектеши на новинарско прашање рече дека протоколите за одржување свадби и прослави ќе се утврдат согласно состојбата со пандемијата од ковид –19. Мерките најрано ќе бидат прецизирани на крајот на мај или почетокот на јуни.











