Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Во живо)Салиу смета дека е обвинет врз претпоставки за кабарето „Пулс“

/

пред 303 дена

Сподели преку :

Во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Со воведни зборови почнаа адвокатите на директорите на ДЗС. Екс директор, Шабан Салиу, на судењето изјави дека е обвинет врз основа на претпоставки, а не на докази.

Тој тврдеше дека институцијата никогаш не била известена за постоењето на објектот и дека обвинението е политички мотивирано. Одбраната истакна дека ДЗС немала надлежност над кабарето и дека Салиу не можел да спречи настан за кој не бил информиран.

Случајот, во кој загинаа 63 лица, продолжува под високи безбедносни мерки и голем јавен интерес.

Судењето го следи новинарката Марија Митевска