Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД запленија танкер со нафта од Венецуела – Каракас ја осуди администрацијата на Трамп за меѓународна пиратерија

/

пред 306 дена

Сподели преку :

Американските сили заплениле нафтен танкер во близина на брегот на Венецуела, потврди Претседателот на САД, Доналд Трамп, во уште една остра ескалација на кампањата на притисок на официјален Вашингтон против владата на Николас Мадуро.

„Штотуку запленивме танкер во близина на брегот на Венецуела – голем танкер, многу голем, најголемиот танкер досега запленет“ – изјави Трамп пред репортерите во Белата Куќа.

Објавувајќи видео од запленувањето на танкерот, јавната обвинителка на САД, Пем Бонди, го опиша запленетиот брод како „танкер со сирова нафта кој се користи за транспортирање нафта која е под санкции од Венецуела и Иран“.

Властите во Каракас ја осудија акцијата на американските власти како „меѓународна пиратерија“.

Претходно, Претседателот Мадуро најави дека Венецуела нема никогаш да стане „колонија за нафта“.

Администрацијата на Трамп ја обвинува Венецуела за шверцување наркотици во САД и го интензивираше притисокот врз Мадуро во последните месеци, во обид да го изолира Претседателот на оваа држава.

Венецуела, една од земјите во светот со најголемите нафтени резерви во светот, од друга страна , го обвини дека официјалниот Вашингтон се обидува да ги украдат овие ресурси.

Н.И