Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина-Русија: Трамп сака да види „поголем напредок“ за да учествува на викенд-состанок во Париз

/

пред 305 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се обврзе на учество на планираниот викенд-состанок во Париз за ситуацијата во Украина, истакнувајќи дека сака да види „повеќе напредок“ пред да ги испрати своите советници.

Европските лидери се надеваат на нови преговори во сабота со претставници од САД, Британија, Франција, Германија и Украина.Трамп рече дека ќе учествува „ако има добра шанса“ состанокот да донесе конкретен исход, додавајќи дека не сака „да губи време“ на разговори без резултат.

-Па, има состанок во сабота. Ќе видиме дали ќе присуствуваме на состанокот или не. Рековме дека ќе присуствувам на состанокот ако сметаме дека има добри шанси. Tие сакаат јас да присуствувам, тие сакаат и ние да присуствуваме. И ќе присуствуваме на состанокот во сабота во Европа ако сметаме дека има добри шанси. И не сакаме да губиме многу време. Мислиме дека е негативно. Ние, знаете, ние, ние сакаме  да се реши. Сакаме да  спасиме многу животи, изјави Трамп.

Белата куќа претходно ја изрази својата фрустрација поради бавниот напредок, особено околу спорната одредба во мировниот план на Трамп, која бара Киев да отстапи дел од територијата во Донбас што Русија сè уште не ја контролира.

Портпаролката Каролин Левит изјави дека претседателот е „уморен од состаноци само заради состаноци“ и дека очекува поцврсти сигнали од Украина пред да се потврди американското учество во париските разговори.