Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Aукција за третата емисија на граѓанска обврзница издадена од државата

/

пред 298 дена

Сподели преку :

Денеска ќе се одржи аукција за третата емисија на граѓанска обврзница издадена од државата, во вкупен износ од 100 милиони денари.

Заинтересираните граѓани имаа можност изминатите денови да се пријават преку деловните банки.

Една обврзница изнесува 10.000 денари, со рок на доспевање од 24 месеци и камата од 4,5 отсто, која ќе се исплати на 19 декември 2026 и 19 декември 2027 година.

Првата емисија на граѓанската обврзница беше во јули 2023 година и предизвика голем интерес, со уплатени средства од над двојно повеќе од понудените 600 милиони денари.

Втората емисија следуваше во октомври истата година, со идентични услови и камата од пет проценти.

Граѓанската обврзница се смета за сигурен и безризичен инструмент за инвестирање.

Покрај користа за граѓаните, вложувањата се насочуваат кон развојни проекти и ја поддржуваат домашната економија, што го прави овој инструмент корисен и за државата.