Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

/

пред 296 дена

Сподели преку :

Парламентот на Бугарија со 227 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ денеска ја прифати оставката на владата н Росен Жељазков.

Тој вчера на итна конференција во Парламентот изјави дека владата поднесува оставка.

Оставката е дадена пред гласањето за недоверба на владата поднесена минатиот петок од партијата Промените продолжуваат – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) и поддржано со потписите на пратениците од Алијанса за права и слободи (АПС) и Морал, единство, чест (МЕЧ).

– Коалицијата ја разгледа ситуацијата. Не се сомневаме дека владата ќе добие поддршка на претстојното гласање за недоверба. Без оглед на тоа, одлуките на Народното собрание се важни кога ја одразуваат волјата на народот. Нашата желба е да бидеме на нивото што го очекува општеството. Моќта доаѓа од суверенот и гласот на народот. И младите и старите го кренаа својот глас за оставка. Оваа граѓанска енергија мора да се поддржи и охрабри, истакна вчера Жељазков.