Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Има повредени – мал авион падна во Мавровското езеро

/

пред 301 дена

Сподели преку :

Мал авион се урна во Мавровско Езеро. Во авионот имало две лица.

Денеска (12.12.2025) во 12:35 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар е пријавено дека во Мавровското езеро, во близина на браната „Белички канал“ паднал мал спортски авион.

Според пријавеното, од авионот на копното успеале да излезат двајца косовски државјани Џ.П.(41) и Д.М.(64), кој го управувал леталото.

Тие се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Гостивар за укажување помош. Полициски службеници од Полициското одделение Маврово веднаш излегле на местото и во разговор со нив Д.М. изјавил дека поради проблем со моторот слетал во езерото, објави СВР Тетово.

Б.С.