Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Курти потврди дека како Косово во знак на благодарност кон САД ќе прифаќа оттаму депортирани мигранти

/

пред 296 дена

Сподели преку :

Во интервју за локална косовска телевизија премиерот во заминување Курти потврди дека Косово почнало да прифаќа државјани на трети земји депортирани од САД.

Косовската владата во заминување, потпишала договор со САД во рок од една година која се однесува на педесет лица „со цел да се олесни нивното безбедно враќање во нивната земја на потекло.

„Ги прифаќаме оние што САД не ги сакаат на своја територија. Ако не се лажам, еден или двајца од нив се тука“, изјави Курти кој се осврна на јунскиот договор.

Ова е знак на благодарност на Косово кон САД за прогласувањето независност од Србија во 2008 година, кога добија американска поддршка.

Курти, кој тогаш беше прв на парламентарните избори во февруари, не успеа да формира влада и беше принуден да распише нови избори за 28 декември. САД  ја обвинија партијата на Курти дека „ја загрозува стабилноста“ на земјата со тоа што сака да спречи српска политичка партија да учествува на тие декемвриски избори.

Т.Д.