Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Калас: Притисок врз Кремљ сè додека не ги сфати сериозно преговорите

/

пред 305 дена

Сподели преку :

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, денеска соопшти дека Европската Унија одлучила да ги имобилизира сите руски средства на неопределено време.

ЕУ штотуку одлучи да ги замрзне руските средства на неопределено време. Ова гарантира дека до 210 милијарди евра руски средства ќе останат на територијата на ЕУ, освен ако Русија целосно не исплати репарации на Украина за штетата што ја предизвика, напиша таа на X.

Калас додаде дека Унијата продолжува да го зголемува притисокот врз Москва „сè додека не ги сфати сериозно преговорите (за прекин на војната во Украина)“.

Европскиот совет следната недела ќе биде клучен за обезбедување на финансиските потреби на Украина во наредните години, напиша таа.