Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Првпат во Македонија хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација

/

пред 309 дена

Сподели преку :

На Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ во Скопје за прв пат е изведена комплексна хируршка интервенција кај четиригодишно дете со редок „Спренгелов деформитет“, во соработка со проф. д-р Уфук Ајдинли од Република Турција.

Операцијата е дел од напорите за јакнење на капацитетите на македонскиот здравствен систем за третман на ретки и сложени ортопедски состојби кај деца.

Директорот на клиниката, проф. д-р Игор Мерџаноски, истакна дека интервенцијата е резултат на мултидисциплинарна координација меѓу ортопедскиот тим, анестезијата, интензивната нега и ургентниот центар, со фокус на сигурноста и квалитетот на постапката.

Целта е вакви процедури да станат дел од стандардната клиничка пракса, со континуирана едукација и развој на домашните тимови.

„Спренгеловиот деформитет“ е ретка конгенитална состојба при која лопатката е ненормално високо поставена и ограничува движење на рамото. Состојбата понекогаш е поврзана и со други придружни деформации, па за точна дијагноза и планирање се користат КТ и МРИ.

Хируршкиот третман се применува кај потешки случаи, најчесто кај деца од 3 до 8 години, со цел подобрување на функцијата и изгледот.