Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нетанјаху по масакрот во Сиднеј: Австралија го поттикнува антисемитизмот со признавање на палестинската држава

/

пред 298 дена

Сподели преку :

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди вчерашниот вооружен напад на прославата на еврејскиот празник Ханука во Сиднеј, велејќи дека го предупредил својот австралиски колега дека поддршката на земјата за палестинската државност ќе го поттикне антисемитизмот.

Две вооружени лица отворија оган за време на прославата на првата ноќ на Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, убивајќи најмалку 16 лица, посочија австралиските власти, во намерен  антисемитски напад.

Еден од осомничените напаѓачи исто така беше убиен.

Нетанјаху рече дека пукањето било „ладнокрвно убиство“, додавајќи дека уште во август, во писмо до премиерот Ентони Албанезе рекол дека политиките на австралиската Влада го поттикнуваат антисемитизмот во Австралија.

-Вашиот повик за создавање палестинска држава само додава масло на антисемитскиот оган. Ги наградува терористите на Хамас и ги охрабрува оние кои им се закануваат на австралиските Евреи и ја поттикнува омразата кон Евреите што сега беснее по вашите улици“, се присети Нетанјаху на напишаното во писмото до Албанезе .

Австралискиот премиер на 11 август изјави дека Австралија има намера да признае палестинска држава на Генералното собрание на ОН во септември, по сличните најави од Франција, Велика Британија и Канада.