Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Краставиците и до 230 денари за килограм, доматите од 135 до 160 денари

/

пред 295 дена

Сподели преку :

Не им е сезона, но главните состојки за шопска салата- доматот и краставицата среде зима имаат жешки цени.

Доматите на продажните места во пиљарите и маркетите, но и на пазарите се со цена и до 160 денари за килограм. Најевтино, може да ги купите за 135 денари, а оние поситни, ама само на пазар за 120 денари.

Краставиците пак се уште поскапи и минатата недела забележаа голем пораст на цената. Најевтино може да се најдат за 185 денари, а најскапата цена, во маркет е 229 денари за килограм.