Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дизелот и бензините поевтинуваат за два денара по литар – нови цени на горивата од полноќ

/

пред 293 дена

Сподели преку :

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинството се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09 проценти.

Новата малопродажна цена на Еuroсупер БС-95 ќе биде 73 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 75 денари, дизелот за 66,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 65,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,248 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,635 денари. Цената на метанот останува непроменета, односно 56 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 4,932 отсто, кај дизелот за 4,357, кај екстра лесното масло за 1,790 и кај мазутот за 1,013 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1167 отсто.