Кум за Бадник е бизнисменот Зоран Кондратенко, а здравичар музичарот Јаков Дренковски. Одборoт за традиционална прослава на Бадник во Скопје ги претстави кумот и здравичарот за празникот 6 јануари на платото пред Соборниот храм во Скопје.
Кумот ќе го понесе ќупот за Бадник 2026-та, а здравичарот ќе ја каже здравицата во пресрет на големиот христијански празник Божиќ.











