Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото)Осветлена новогодишната елка во Ерусалим по пауза од две години

/

пред 291 дена

Сподели преку :

Во христијанскиот кварт на Ерусалим за првпат од почетокот на војната во Газа беше осветлена голема новогодишна елка и беа поставени празнични декорации.

Настанот привлече бројни посетители кои уживаа во празничната атмосфера, со осветлени улици и полни кафулиња.

Граѓаните и туристите прошетуваа под редици светилки, а организаторите порачаа дека Ерусалим е град што ги поврзува различните култури, јазици и верски традиции.

Традиционалното осветлување на елката обично се одржува секоја година, но беше прекинато во изминатите две години поради конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Локалните жители изразија радост и надеж дека празниците ќе донесат мир, како за регионот, така и за светот.

Б.С.