Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Масовни протести низ Словачка против владата на Фицо

/

пред 300 дена

Сподели преку :

Илјадници граѓани излегоа на протести низ Словачка против владата на премиерот Роберт Фицо, поради одлуката за укинување на независната Канцеларија за заштита на укажувачи и најавените измени на Кривичниот законик.

Протести се одржаа во 10 градови, меѓу кои и во главниот град Братислава, каде демонстрантите побараа оставка од Фицо.

И покрај силните критики од опозицијата, невладините организации, јавниот обвинител, Европската Унија и меѓународната јавност, парламентот со 78 гласа „за“ ја усвои законската измена.

Претседателот Петер Пелегрини изрази воздржаност, но владата има мнозинство за евентуално надминување на негово вето.

Од Канцеларијата за заштита на укажувачи предупредија дека новиот закон значително ќе ја ослаби довербата и нивото на заштита на лицата кои пријавуваат корупција.

Опозицијата најави дека ќе ги оспори измените пред Уставниот суд, оценувајќи ги како напад врз владеењето на правото.