Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка пред Собранието да го разреши, изразувајќи длабоко разочарување од политичките притисоци врз правосудството. Во своето последно обраќање до јавноста, тој ја оцени постапката за негово разрешување како политички мотивирана, правно неиздржана и опасен преседан за независноста на јавните обвинители.
Од СДСМ велат дека се работи за мешање во независноста на правосудството и „враќање на тефтерчето“, додека од ВМРО оценуваат дека оставката е значајна победа на правната држава и дека е демонтирано јавното обвинителство поставено од СДСМ и ДУИ.
Што значи ова за независноста на правосудството и борбата против корупцијата?
Анкета: „Дали со оставката на државниот јавен обвинител независноста на јавните обвинители:
а) Ќе зајакне или
б) Ќе ослабне“