Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пецов-Ѓаволот со лекарско уверение и 24-часовен надзор во домашен притвор, има сознанија за влијанија врз него- Обвинителството со први детали за бегалецот од “Синџир”

/

пред 301 дена

Сподели преку :

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција потврди дека затворскиот притвор на Љупчо Пецов Ѓаволот му е заменета со домашен притвор, како што објави Телма утрово. Пецов беше во бегство како осомничен во истрагата за финансиски малверзации “Синџир”.

Здравствената состојба, но и сериозни сомнежи за влијание врз истрагата и осомничениот,  биле причина обвинителството да го прифати барањето на одбраната, велат од ОЈОГОКК.

-ОЈО ГОКК ценејќи ги истакнатите околности, како и околностите што укажуваат на сериозни влијанија врз постапката и влијанија врз лицето, фактот дека лицето доброволно се пријавило и ги предало двете патни исправи што ги поседува и индициите што укажуваат дека со спроведување на обвинетиот во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, јавниот обвинител на закажаното рочиште пред судијата на претходна постапка го измени предлогот и предложи да му биде определена мерка куќен притвор со 24 часовен надзор, со која може да се обезбеди неговото присуство во понатамошниот дел од постапката, велат од обвинителството.

Во притвор пак е неговиот адвокат Фехми Стафа кој наводно барал пари од Ѓаволот за поткуп на судии и за поблага мерка наместо притвор.

Телма дознава: На Љупчо Пецов- Ѓаволот му е определен домашен притвор откако беше во бегство во истрагата „Синџир“