Вчерашната седница на Централниот одбор на СДСМ мина во демократска атмосфера, во еден дел со спротивставени ставови, но заклучокот е заеднички и единствен, изјави старо-новиот генерален секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ.
Дел од старите членови во Извршниот одбор повторно се избрани во ова оперативно тело, а Димитријевиќ тврди дека немало никакви несогласувања околу кадровските решенија.











