Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во скопското Инџиково се спроведува акција за рушење на бесправно изграден објект

/

пред 304 дена

Сподели преку :

Во скопското Инџиково од рано утрово се спроведува акција за рушење на бесправно изграден објект, информираше градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

Објектот бил во приземје, со планирана надградба на уште еден кат, и покрај донесеното решение од градежниот инспектор за стопирање на градбата, инвеститорот продолжил со градежни активности.

Акцијата се спроведува од 05:00 часот во координација со МВР, а Стефковски апелира до граѓаните да почитуваат закон и да не започнуваат градба без одобрение за градење.

Според градоначалникот ваквите мерки се неопходни за спроведување на законот и уредување на просторот.