Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одложена седницата за избор на в.д. државен обвинител

/

пред 300 дена

Сподели преку :

Одложена седницата на Советот на јавните обвинители на која требаше да биде назначен вршител на функцијата државен јавен обвинител, откако претходно неотповикливата оставка од функцијата поднесе Љупчо Коцевски.

Одлуката беше единствената точка на дневен ред но пораду отсуство на член истата е презакажана за понеделник. Согласно Законот за Јавното обвинителство, в.д. државен јавен обвинител ќе биде избран од редот на обвинителите во Јавното обвинителство на Република Македонија.

Избраниот ќе ја извршува функцијата до избор на нов државен јавен обвинител, но не подолго од шест месеци. Собранието сè уште не ја започнало постапката за избор на нов државен јавен обвинител.

Коцевски оставката ја соопшти пред собраниската седница на која требаше да се расправа за негово разрешување, наведувајќи дека заминува поради политички притисоци и недоволна поддршка за работата на Обвинителството.

Т.Д.