Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека граѓаните кои се уште не добиле термин за вакцинација, а се пријавиле до крајот на минатиот месец, најдоцна до понеделник ќе бидат известени за тоа кога ќе примат вакцина.
Денеска пристигнуваат околу 40.000 вакцини АстраЗенека, а утре 100 илјади од Синофарм.
Филипче смета дека маските на отворено и покрај интензивирањето на процесот на вакцинација, треба и понатаму да се носат.











