Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повеќе загинати луѓе при урнување на авион во Северна Каролина

/

пред 299 дена

Сподели преку :

Повеќе луѓе го загубиле животот откако авионот со кој патувале се урнал при обид за итно слетување на регионален аеродром во американската сојузна држава, Северна Каролина, потврдија официјални извори.

„Можам да потврдам дека имаме смртни случаи“ изјави Дарен Кемпбел, шериф на регионот Иредел, иако одби да прецизира колку луѓе ги загубиле животите.

Авионот се урнал при слетувањето на регионалниот аеродром Стејсвил, околу 10 часот и 15 минути по локално време.

Околу 10 минути претходно авионот полетал и поминал кус временски период во воздух пред да се урне.

Администрацијата за федерална авијација соопшти дека го истражува инцидентот.

Според информациите на медиумите, станува збор за авионот од типот Цесна С550, кој бил регистриран на приватна компанија во сопственост на Грег Бифл, поранешен возач во трките Наскар.

Директорот на аеродромот каде се урнало леталото, Џон Фергусон, изјави дека остатоците на авионот биле запалени и гореле кога тој пристигнал на местото каде се случила несреќата.

Засега нема информации колку луѓе патувале со авионот пред да се урне.

Никола Илиевски