Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дипломат на ЕУ за самитот во Брисел: Еден од најтешките досега, преговорите се напнати, се очекува да траат до доцна во ноќта

/

пред 299 дена

Сподели преку :

Самитот на Европската Унија (ЕУ) се одржува во исклучително напната атмосфера, а преговорите се очекува да траат до доцна во ноќта, откри висок дипломат на ЕУ. Според него, „ова е еден од најтешките состаноци досега“.

За време на една од паузите, тој пред новинарите откри дека преговорите кои се одвиваат зад затворени врати се „напнати“.

„На дневен ред се комплицирани теми, но и комплицирани теми кои не се на дневен ред“, рече тој, упатувајќи да се насети дека се расправа и за прашања кои официјално не се најавени.