Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерката за култура на Франција под истрага за корупција

/

пред 298 дена

Сподели преку :

Француската полиција изврши претреси во министерството за култура, приватни имоти и Градското собрание во Париз, како дел од истрагата за корупција против министерката за култура и градоначалничка на Седмиот арондисман во Париз, Рашида Дати.

Обвинителството соопшти дека претресите се дел од истрагата што двајца француски судии ја почнаа во октомври за можна „активна и пасивна корупција, злоупотреба на влијание, проневера на јавни средства, проневера и перење пари во врска со мандатот на Рашида Дати како членка на Европскиот парламент“.

Според француските медиуми, претресите имаат за цел да утврдат дали Дати добила пари од тогашната француска енергетска компанија „GDF Suez“ во 2010 и 2011 година, додека била членка на Европскиот парламент. Дати ги негира обвинувањата.

Дати важи за  водечки кандидат за градоначалник на Париз на изборите во 2026 година.