Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мал приватен авион се урна во Северна Каролина

/

пред 299 дена

Сподели преку :

Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион „Цесна Ситиејшн Ц550“ (Cessna Citation C550) се урна во близина на регионалниот аеродром Стејтсвил во Северна Каролина и се запали. Сè уште не е познато точно колку луѓе биле во авионот, кој вообичаено има капацитет од осум до десет патници.

Истрага за авионската несреќа е во тек. Според прелиминарните податоци од летот, авионот полетал од аеродромот Стејтсвили летал само пет милји пред да се сврти и да се упати назад кон аеродромот, но причината за маневрирањето сè уште е непозната. Податоците од „FlightAware“ покажуваат дека авионот недостигнал висина над 2.000 стапки.

Временските услови за време на несреќата биле лоши – ниска облачност, видливост помала од три милји и дожд.

Урнатиот авионот е сопственост на „GB Aviation Leasing LLC“.